На жителите на Бањска им е дозволено да го напуштат селото или да влезат во селото во случај на некого да му биде потребна медицинска помош, да примаат инјекции, да купуваат лекови и слични потреби, изјави за KoSSev заменик-командантот на косовската полиција од северниот регион, Ветон Елшани.
Елшани синоќа изјавил дека жителите на ова село треба да се јават кај полициските службеници.
Во тој случај полициските службеници ќе го прашаат граѓанинот каде оди и поради која причина. Не е точно дека никого не пуштаме, но постапката се прави случај до случај, рече Елшани.
Според него, состојбата во село Бањска е мирна, но полициската акција се уште се спроведува, односно се врши детален увид и истрага во целото село. Тој најави и дека спроведувањето на активностите како дел од оваа операција ќе продолжи и денеска.
Најдовме минофрлачи во куќа, најдовме многу работи, како да е касарна, додаде Елишани.
Според косовската полиција, во неделата биле убиени најмалку тројца наводни напаѓачи, односно биле пронајдени нивните тела, а уште двајца се уапсени, од кои еден е ранет. Истовремено, уапсени се уште четири лица кои се поврзани со оваа група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.