Властите во Србија нарачале огромни количества храна поради кризата меѓу Западот и Русија околу Украина, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Н1.
Вучиќ за време на дебата одржана на провладината ТВ Прва кажа дека властите нарачале 30 милиони килограми сол и по милион килограми грашок и грав, како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.
Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се правите дека ништо не се случува, кажа Вучиќ и додаде дека сè уште не се обезбедени резерви гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.