Кошмарните моменти што ги доживеаја патниците од кобниот воз во Грција оживеаја во очите на полицијата и спасувачите кои први пристигнаа на местото на трагичната железничка несреќа. Таму видоа апокалиптични слики.

Луѓе распарчени, млади фрлени во околните ниви и мртви, многу мртви. Повредените се обидувале да најдат начин да избегаат.

На местото први пристигнале младиот полицаец и неговите колеги, откако неколку минути по несреќата биле информирани за судирот.

Судирот на возот се случил во 23 часот и 21 минути по локално време, а тој на местото на настанот пристигнал 10 минути подоцна.

„Многу од сликите што ги видов не сакам да ги споделам јавно. Сцената беше драматична. Видовме херои и ангели. Видов девојка во болка, седеше и се тресеше од шокот што го доживеа” вели млад полицаец во изјави за грчката тв Алфа.

Тој додаде дека ја посетил другата повредена девојка во болница. Таа имала изгореници, а тој мисли дека била во првите вагони.

„Се соочивме со многу херои, се сеќавам на едно 20-годишно дете кое остана да ги ослободи луѓето и успеа во тоа. Спаси 10 луѓе и продолжи да се обидува“, рече полицаецот.

Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшен судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, во Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.