По петте неуспешни обиди во изминатите три дена, бугарските пратеници денеска го избраа Вежди Рашидов за претседател на 48. Народно собрание на Бугарија.

БНР јави дека Рашидов бил номиниран од четири партии за време на претседателскиот совет, а на гласањето во парламентот собрал 139 гласа „за“ и 73 гласаа „против“ неговата кандидатура за собраниски спикер.

Неговата кандидатура беше поддржана од ГЕРБ, БСП, ДПС и Бугарски подем. Против гласаа пратеници од Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија, а целата пратеничка група на Преродба беше воздржана.

Кандидатурата на Рашидов формално беше предложена од Корнелија Нинова од БСП.

Изминатите три дена бугарските пратеници во пет обиди пробаа да го изберат претседателот на 48. Народно собрание, но попусто. Петтиот обид за избор на собраниски спикер за одржа утринава, но и тој беше неуспешен.

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев ги повика народните избраници да ја исполнат својата должност кон бугарските граѓани и државата и да го конституираат парламентот, оти, како што рече, ако се продолжи со ова темпо ќе се доведе до целосна блокада на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.