Бугарските власти бараат Македонија да ја почитува европска конвенција за заштита на човековите права. Ова барање од Софија доаѓа отако партиите во Македонија се сложија да се направат измени во Законот за политички партии и за здруженија  со кои имиња на личности од фашистичкиот период ќе бидат забранети.

Македонија ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето, изјави денеска бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.

Бугарија има потпишано и ратификувано конвенции на Советот на Европа но не ги почитува.

Иако се обврзаа да се грижат за малцинските права – со тоа што ја потпиша Рамковната конвенција за национални малцинства, Бугарија нема се’ уште ратификувано неколку значајни документи: на пример, таканаречениот Протокол 12 од Европската конвенција за малцинските права и јазици.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.