Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија денеска поднесе обвинителен акт против 19 обвинети за убиствата извршени во јануари 2020 година во Атина, каде беа убиени водачите на Шкаљарскиот клан Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ.

Обвинетии се  Вељко Беливук и Дарко Шариќ, како и Радоје Звицер како организатори.

Во јануари 2020 година  во Атина Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ беа ликвидирани додека вечерале со сопругите и децата во ресторан. Во ресторанот влегле четворица мажи. Тие се приближиле до масата, се наредиле околу неа, кажале неколку зборови на српски, а потоа отвориле оган.

Двојното убиство се случило пред бројни очевидци, сторителите биле фатени на камера. За нас тие се интересни бидејќи поседуваа македонски пасош издаден од МВР додека министер беше Оливер Спасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.