Комесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, на Самитот на Берлинскиот процес изјави дека приемот на земјите од Западен Балкан е геополитички приоритет за ЕУ.
Работиме со сите наши инструменти за да го забрзаме процесот за да го постигнеме во блиска иднина, напиша Вархелина на социјалната мрежа Х, по повод средбата на лидерите на Западен Балкан на Самитот на Берлински процес.

Вархеји го истакна и фактот дека ЕУ на неколку различни начини им помага на земјите од Западен Балкан.

„Преку ЕИП од 30 милијарди евра и РГФ од шест милијарди евра, поврзуваме патишта, железници, дигитални мрежи, ги диверзифицираме енергетските ресурси и ги поддржуваме малите и средни претпријатија. Голем успех: Очекуваната мобилизација на средства веќе достигна 60 проценти = 17,2 милијарди евра. Ова ја докажува релевантноста на нашата програма и способноста да ја апсорбираме во земјите од Западен Балкан“, нагласи Вархеји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.