Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, на социјалната мрежа „Х“ порача дека Албанија како „земја која преговара за членство продолжува да напредува во реформите поврзани со ЕУ“.

Вархеји додава дека се сретнал со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани на маргините на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан „за да разговараат за следните чекори“.

Албанија, како земја која преговара, продолжи да напредува во реформите поврзани со ЕУ. Се сретнав со министерот Игли Хасани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи ЕУ-Западен Балкан за да разговараме за следните чекори. Нашата цел е да ги отвориме преговорите за членство на првиот кластер до крајот на оваа година, наведува Вархеји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.