71-годишна жена за време на викендот била силувана и претепана од нејзиниот внук (17) во српското гратче Алибунар. Како што пренесуваат српските медиуми, таа дошла во куќата во која се случил овој хорор за да ги чува своите три малолетни внуци бидејќи според неофицијални информации мајка им ги оставила, а татко им починал.

Да не го преземеше старателството над нив, момчињата ќе завршеа во Домот за запуштени деца, пренесува „Телеграф“.

Силувањето наводно го извршил најстариот внук во текот на изминатиот викенд.

Кога бабата одбила да го направи тоа што тој ја побарал, внукот ја претепал и ѝ рекол дека ќе ја убие. Несреќната жена го пријавила случајот во полиција.

Според последниот попис од 2011 година, во Алибунар има 3000 жители, од кои една третина се Романци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.