Србија купи радари за системот за противвоздушна одбрана „куб-м“ од Унгарија.

Како што објавија дел од српските и унгарските медиуми, наскоро од Унгарија во Србија треба да пристигнат компоненти за системот за противвоздушна одбрана 2К12 „куб-м“.

Станува збор за радарски станици за набљудување и наведување – РстОН 1С91M, кои им недостигаат на српските вооружени сили уште од времето кога овие компоненти беа уништени од антирадарски ракети АГМ-88 ХАРМ, за време на бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година.

Во моментов РВиПВО на Армијата на Србија има три самоодни ракетни дивизии за воздушна одбрана – 230, 240 и 310 – во 250-та ракетна бригада за ПВД, кои се опремени со вкупно 12 батерии од системот „куб-м“ и се распоредени во Ниш, Нови Сад и Крагуевац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.