Откако украинската влада донесе закон да се  ослободат од затвор  вооружи затвореници да се борат за својата земјa би можеле бидат ослободени и четворицата атентатори на Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан.

За нас тоа е важно дека меѓу нив е и Стефан Ѓукиќ кој има македонски пасош на име Каче Герги. Ѓукиќ на 29 јануари 2019 година се сликал за македонска патна исправа и потоа оди во Украина каде е фатен во обид да изврши атентат врз Звицер.

Украинското Обвинителството потврди дека ќе ги ослободи не само поранешните војници, туку и оние кои се покајале.  Меѓу затворениците има и четворица Срби и Црногорци, пишува „Курир.рс“.

Тие на 26 мај 2020 година имаа  неуспешн обид за убиство на Звицер  во елитниот дел на Киев. Тие беа уапсени веднаш по обидот за егзекуција и оттогаш се во украински затвор. Звицер беше спасен од сопругата Тамара Звицер која пукаше во напаѓачите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.