Пред техничкото училиште „Железник“ во Белград, Србија, рано утринава 16-годишен ученик бил прободен со нож под левата пазува. Според првичните информации, тој бил нападнат со нож од една година постариот другар, кој по нападот побегнал. По инцидентот, наставата во училиштето била прекината, а полицијата е на терен каде сè уште врши увид.
Според информациите на „Блиц“ од терен, напаѓачот и жртвата биле пријатели од клупа.
Нападот се случил веднаш до училишниот двор, по што напаѓачот побегнал. Набрзо бил уапсен, а денеска ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, Одделот за малолетници.
Повредениот тинејџер бил пренесен во Ургентниот центар.
Момчето е стабилно, има лумбална повреда и во моментов не е во во животна опасност, вели изворот на „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.