Една од најконтроверзните личности во поновата српска историја, Жељко Ражнатовиќ Аркан, беше убиен на 15 јануари 2000 година, пред точно 24 години.Tој бe[e ликвидиран со три истрели во главата во белградскиот хотел „Интерконтинентал“.
Во моментот на атентатот, сопругата на Аркан, фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, бeше во бутик во хотелот со нејзината сестра Лидија.
Како што изјави Зоран Николиќ Пегла, кој беше еден од обвинетите за соучесништво во убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан кое е платено четири и пол милион марки и државата знаела дека се подготвува негова ликвидација!
Аркан беше еден од најмоќните луѓе во Србија во тие години. Изгледаше недопирливо и неуништливо, но неговото пријателство со Зоран Ускоковиќ Сколе ќе испадне судбоносно за него, што ќе ги чини и двајцата на крајот од животот.
Сколе и Аркан работеа заедно во бизнисот со препродажба на домашни фудбалери во странство.
Аркан и Ускоковиќ имаа удел во милионскиот трансфер на тогашниот младински репрезентативец Никола Лазетиќ во странство во 1998 година. На дошло до недоразбирање за распределбата на парите, а Сколе и Гага почувствувале дека не се „испочитувани“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.