Од четиринаесетте повредени во вчерашната експлозија на плинска боца во селото Кчиќ во општина Косовска Митровица, четворица префрлени на Одделот за интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Приштина се во тешка состојба.

Од оваа косовска здравствена установа изјавија дека во тешка состојба е и десетгодишна државјанка на Шведска која од утре ќе продолжи со лекување во специјализиран центар за изгореници во Шведска.

Десетгодишната шведска државјанка ќе биде префрлена во родната земја, бидејќи како што изјавија лекарите од приштинскиот Универзитетски клинички центар немаат соодветни услови, опрема и стручен персонал.

До несреќата дошло од неисправна плинска боца која експлодирала во момент кога во куќата биле сите членови на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.