Грчката полиција трага по три лица кои денеска околу 14 часот убиле маж (41). Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.
Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште. Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.
Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.