Во две убиства во кои беа ликвидирани високи членови на Шкаљарскиот клан, Алан Кожар, Дамир Хаџиќ, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, учествувале најмалку 30 лица – членови на спротивставениот Кавачки клан.

За тоа кривично дело на непосредните сторители им биле исплатени 1.400.000 евра.

Ова крваво злосторство се случи на 19 јануари 2020 година, кога Дедовиќ и Стаматовиќ вечераа со своите сопруги и деца во ресторан во Атина.

Четворица мажи влегле во ресторанот, се доближиле до масата , проговориле неколку зборови на српски и испукале  рафал кон двајцата. Двајцата поседуваа македонски пасош.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковки во интервју за „Република“ најави дека ќе бидат проверени сите пасоши дадени на нарко босови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.