39-годишниот македонски државјанин, кој бил бизнисмен кој поседувал казино во земјава, добил десетици куршуми – најмалку 20 – и веројатно се работи за професионално убиство, откако пред неколку дена непознати лица го погубиле неговиот деловен партнер, исто така од соседната земја, објави iefimerida.gr откако ноќеска две лица биле нападнати со истрели во дворот пред изнајмената соба во која престојувале во Ханиоти, Халкидики, при што едното од нив им подлегнало на повредите.

Повреден е и 45-годишен македонски државјанин. Крвавиот инцидент се случил во саботата околу 3.30 часот. Двајцата странци – кои биле на одмор во Ханиоти – биле со поголема група надвор од куќата што ја изнајмиле кога биле застрелани од непознати лица. Насилниците им пришле со покриени лица и почнале да пукаат.

Непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнало на лице место, констатирале дека двајцата веќе биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека бизнисменот починал, додека вториот маж е повреден.

Повредениот е згрижен во болница на Халкидики. Прелиминарна истрага врши Полициското одделение Полигирос, додека полицијата почнала потрага за апсење на сторителите.

Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки , а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.