Вишото јавно обвинителство во Смедерево денеска соопшти дека уапсен е Г.Г. (49) од Крагуевац, инаку вујко на Урош Блажиќ кој уби осум, а рани 12 лица во околината на Младеновац, Србија.

Осомничениот Г.Г. е задржан на 48 часа поради сомнеж дека извршил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи, соопшти Вишото јавно обвинителство.

Г.Г. е уапсен врз основа на нови факти утврдени во истрагата која се води против Урош Блажиќ и неговиот татко Р.Б. со цел утврдување и разјаснување на сите околности кои се однесуваат на потеклото на оружјето со кое обвинeтиот У.Б. ги извршил кривичните дела кои му се ставаат на товар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.