Германски „Билд“ пишува дека турските власти ги принудуваат муслиманските мигранти, кои живеат во сиромаштија во Турција, да бидат транспортирани во Европа со редовни летови.

Според пишувањето на германскиот весник, српската државна авиокомпанија „Ер Србија“, ги продава билетите за Белград по цена од 122 евра, а Србите потоа им дозволуваат на бегалците да го продолжат патот, набиени во комбиња.

Како што вели претставник на германската полиција, миграциската рута минува низ неколку земји: главно преку Унгарија, Словачка, а потоа преку Полска, Чешка или Австрија до Германија.

Платите на шверцерите многу варираат, а тарифата се движи од 1.000 до 10.000 евра по лице. Сè зависи од растојанието до дестинацијата, рутата, ризикот од откривање, видот на шверцот и други видови поддршка или гаранции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.