Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, порача дека односите меѓу Турција и Европската Унија не треба да бидат заложници на интересите на одредени земји.
ЕУ не може да биде глобален актер без Турција, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во Анкара.
Фидан порача дека Турција очекува ЕУ да ја покаже потребната волја и да дејствува похрабро за унапредување на меѓусебните односи.
Нема промена во перспективата за членство на Турција во ЕУ. Тоа е многу силна политичка волја, додаде тој.
Вархеји, кој е во дводневна посета на Анкара за да разговара за билатералните односи и соработка, изјави дека верува оти односите меѓу ЕУ и Турција може да се подобрат по воспоставувањето на новата влада во Анкара.
Потенцирајќи дека односите со Турција отсекогаш биле од клучно значење, Вархеји рече дека ЕУ била заедно со турскиот народ и земја кога станува збор за мигрантската криза и санирањето на последиците од разорните земјотреси и оти заедно реагирале на настаните во овој стратешки важен регион и соседство.
Како што рече почитуваниот министер Фидан, Република Турција е наш пријател, изјави Вархеји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.