Парче карпа падна и погоди во глава Србин (45) во петокот попладне додека бил на излет на реката Ахерон во Грција.

Според грчките медиуми, мажот со сопругата и детето бил на екскурзија по реката, кога големо парче камен се откинало од карпа и го удрило во главата, по што паднал.

Семејството веднаш повикало помош, додека несреќниот турист лежел на земја облеан во крв.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Превеза, каде по првите прегледи бил префрлен на понатамошно болничко лекување во Јанина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.