Амбасадорот на Грција во Анкара бил повикан во Министерството за надворешни работи на Турција за да му биде изразено турското незадоволство за „поддршката на Грција на терористички организации“.

Според грчките медиуми, дел од турската реакција бил и „протестот на курдската ПКК во близина на амбасадата на Турција во Атина“.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, говорејќи за телевизијата „Скај“, утрово истакна дека обвинувањата од Турција се „комплетно неточни и неосновани, а очигледно е дека Грција нема никаква врска со тоа“.

Дипломатски извори за грчките медиуми коментирале дека „целосно ги отфрлаат обвинувањата од Турција за наводното помагање на терористички организации во Грција, бидејќи се неосновани и невистинити“, а земјата целосно ги спроведува одлуките на Европската Унија за борба против тероризмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.