Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, телефонски му честитал на претседателот на Нова демократија и актуелен премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис, за победата на парламентарните избори.

Информацијата ја објавија грчките медиуми повикувајќи се на извори од двете партии, без да има дополнителни детали околу телефонскиот разговор.

Според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи со пребројани 80 отсто од гласовите, Нова демократија е победник на изборите со 40,82 отсто, 20 повеќе од СИРИЗА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.