Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во денешната вонредна изјава по состанокот на извршната канцеларија на партијата по поразот на изборите, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во СИРИЗА.
Грчката опозициска партија претрпе голем пораз на двојните парламентарни избори во Грција.
На првите избори во мај, СИРИЗА доби 20 од гласовите, двојно помалку од Нова демократија, а на вторите избори во неделата, дополнително се зголеми разликата меѓу двете партии (на 22,73 проценти), левичарската партија загуби гласови, освојувајќи 17,83 проценти.
Алексис Ципрас 15 години ја водеше партијата, а во периодот од јануари 2015 година до јули 2019 година додека СИРИЗА беше на власт, беше премиер на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.