Официјализирање на бракот за сите парови, без разлика на полот и правото да имаат деца, доколку СИРИЗА дојде на власт, најави лидерот на партијата Алексис Ципрас во неговата видео порака за време на настанот организиран од ЛГБТ+ групата во партијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас рече дека за актуелниот грчки премиер „иако се декларира како либерален, сè уште не е дојдено времето за клучните прашања и клучните барања на ЛГБТ движењето“ и упати уверување дека со СИРИЗА на власт ова ќе се промени.
Победата на СИРИЗА- Прогресивна алијанса на изборите на 21 мај ќе го отвори патот за прогресивно владеење. А прогресивната влада предводена од СИРИЗА- Прогресивна алијанса ќе го институционализира бракот за сите парови, без разлика на полот со целосни права, вклучително и правото на потомство, рече Ципрас.
Потсети дека за време на Владата на СИРИЗА, во Парламентот беше донесен закон за граѓанско партнерство за истополовите парови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.