Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина. Грчките медиуми објавија дека нападот го извршил поранешен работник во фирмата, кој потоа се самоубил. Неговото тело е пронајдено покрај ловечка пушка, за која се верува дека ја користел во нападот.
Полицијата кажа дека убиецот неодамна добил отказ од фирмата „Јуропијан продакт кериерс“. Тој убил двајца мажи и една жена, меѓу кои е и газдата на фирмата.
Инцидентот се случи во Глифада, 12 километри јужно од Атина. Вооружениот маж, идентификуван како 70-годишен египетски државјанин, упаднал во зградата, по што пукал во вработените, пред да се забарикадира на вториот кат. Преговорите за смирување на ситуацијата траеле неколку часа, но напаѓачот сепак се самоубил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.