Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, најави тужби против премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка, Радостин Василев, поради нивните изјави против него во кои тие, како што обвинува, го нарекуваат „мафија“, пренесуваат бугарските медиуми.
Денеска неколку пати слушнав дека јас сум мафијата. Тоа го кажаа премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и Радостин Василев, кого не знам како да го дефинирам. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже се за секого, но мора да се преземе одговорност за кажаните зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи. Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги победам – порача Трифонов на Фејсбук.
Порано осум пратеници објавија дека ја напуштаат партијата на Трифонов, меѓу кои и Радостин Василев, а премиерот Петков им се заблагодари за храброста, истакнувајќи дека „мафијата го загубила коалициониот партнер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.