Нема кварт во Загреб кој не претпре штета, јавува ХРТ утрово, по олујата што вчера попладне што го зафати главниот град на Хрватска, но и останати делови од земјата.

Утрово, трамвајскиот сообраќај во делови од Загреб е во прекин, а граѓаните се предупредени да не шетаат по парковите. Билансот од вчерашното невреме е две жртви во Загреб и една недалеку од Нова Градишка.

Десетици се повредени, повеќето потешко. Ураганскиот ветер вчера кршеше дрвја, носеше покриви на куќи, билборди…Загреб се најде во потполен хаос. Граѓаните се во шок, повозрасните велат дека не помнат вакво невреме, кои им донело и материјални штета.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.