Невремето вчера го опустоши Загреб. Настрадаа десетици дрвја, од кои некои дебели и по еден метар, а има и човечки жртви.

Голем број загрепчани, од кои некои постари од 70 години, велат дека досега не доживеале вакво силно невреме во метрополата. Речиси нема ниту една улица или парк во Загреб што не ги претрпел последиците од разорниот ветер кој почна околу 16 часот и 30 минути и за половина час ја уништи метрополата.

За време на тој половина час, кој го најави страшната облачност, налетите на ветрот налик на урагани се менуваа со силен дожд, кој во еден момент се претворил во ледена прашина носена од ветрот. Повеќето луѓе, навреме се засолниле, но оние кои поради некоја причина не успеале, а бурата ги затекнала на отворено, доживеале сцени слични на оние од филмовите за урагани.

Двајца загинати и 60 повредени, од кои десет потешко, е епилогот што засега е познат по невремето во Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.