Едно лице го загуби животот, а тројца се сериозно повредени во сообраќајната несреќа што се случи во Букурешт со туристички автобус, во кој од Грција за Романија се превезувале 47 патници и еден возач, сите грчки државјани, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР објаснија дека според информациите од амбасадата на Грција во Букурешт и од Министерството за надворешни работи на Романија, 24 од патниците биле пренесени во локални болници за да им се пружи прва помош.

Тројца од нив тројца се хоспитализирани во сериозна состојба.

Според романскиот портал „Редакција“, станува збор за автобус во кој се превезувале млади лица на тинејџерска возраст. Во нивното спасување биле вклучени сите екипи за помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.