Поранешниот телохранител на Слободан Милошевиќ, Горан Пајиќ, откри непознати детали поврзани со атентатот на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров.
Според неговите тврдења Глигоров, се договорил со Слободан Милошевиќ дека Македонија да биде дел од новата Југославија. Набрзо потоа беше организиран и атентатот на Глигоров кој го преживеа обидот за атентат.
За потсетување ден пред атентатот Глигоров беше во Белград на средба со Милошевиќ. Детали за сребата никогаш не беа соопштени.
Кога во 1995 година беше извршен атентат врз Киро Глигоров, пред тоа имаше тајна средба во Белград со Слободан Милошевиќ и се договорија Македонија да биде дел од новата Југославија. Меѓутоа, очигледно тоа некому не му одговараше, па организираа побрзо и подобро убиство. Од него сè за вакви работи се решава во дел од секундата“, изјави Пајиќ во емисијата „Добро утро Србија“, објави „Мондо.рс.“.
Извор „Мондо.рс“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.