Белграѓани продолжуваат да палат свеќи за жртвите од вчерашниот масакр, а во црквата Свети Сава почна молитвата за загинатите во страотното злосторство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Ќерката на познатиот српски одбојкарски тренер Драган Кобиљски е една од жртвите на вчерашниот масакр. Кобиљски денеска дошол во училиштето заедно со сопругата скршена од болка. Кобиљски го залепил некрологот од својата ќерка на вратата од училиштето и без збор продолжил со сопругата.
Фотографот на порталот Телеграф го снимил потресниот момент кога таткото го залепува некрологот на вратата од училиштето.
Трагедијата во училиштето во Белград се случи во средата околу 8 часот и 40 минути кога 13-годишниот Коста К., ученик во седмо одделение, уби осум ученици и вработен во обезбедувањето, а рани шест ученици и наставничката по историја.
Животот на две деца повредени во инцидентот, се уште е во опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.