И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со него и татко ѝ Владимир го посетувала стрелиштето, дознава „Република.рс“. Повикувајќи се на извори од стрелиштето, порталот објави фотографии на кои се гледа девојчето со пиштол во рака. Според нивните информации Владимит Кецмановиќ и неа, како и синот кој го изврши масакрот во Белград, ја обучувал како да ракува со огнено оружје.
Пиштолот со кој пука сестрата на Коста е италијанска Берета М9, полуавтоматски пиштол со краток одврат што го користат вооружените сили на Соединетите држави. Американската војска го користела овој пиштол во инвазијата на Панама, војната во Персискиот Залив, Граѓанската војна во Сомалија, војната во Авганистан и војната во Ирак.
Извор: „Република.рс“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.