Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на В.К.(47), чиј син К.К. во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет и рани седум лица.

В.К е осомничен за кривично дело Тешки дела против општaта безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик.

Притворот му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што кривичното дело кое му се става на товар е казниво со затворска казна над десет години, а начинот на извршувањето и сериозноста на последиците од кривичното дело ја вознемируваат јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

На сослушување осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесел својата одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.