Попладнево во казнено-поправниот дом во Лепоглава во Загреб пронајдено е мртвото тело на Харалд Копиц. Како што потврди хрватското Министерство за правда, Копиц си пресудил самиот себе.

Во јуни тој беше осуден на 50 години затвор за убиство на неговите три деца.

Во судењето зад затворени врати, кое започна и заврши истиот ден, Копиц се изјасни за виновен за тројно yбиство. Судијката Ива Градишки Ловречек ја донесе одлуката судењето на Копиц да не биде јавно со согласност на обвинетиот, неговата одбрана и обвинителството со цел да се заштити достоинството на починатите деца и нивната мајка.

Копиц на 24 септември 2021 година околу 22 часот во стан во загрепската населба Млинови, каде што живеел со своите три деца, од кои две седум и едно четири години, „со однапред смислена намера да ги убие“, тој прво ги дрогирал децата со апчиња, а потоа ги задушил. Прво ги туширал децата, а потоа во врело какао ставил 30 таблети дијазепам кои децата го испиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.