Од Центарот за оперативни комуникации (ЦОК) на Полициската управа во Црна Гора, соопштено е дека во близина на Кривиот мост, од засега непознати причини, возило излетало во кањонот Морача. Од возилото биле извлечени телата на А.Ѓ. (1987) и K. Ѓ. (2017).

Од полицијата за весникот „Вијести“ информират дека, според изјавите на очевидци, најверојатно се работи за „голф 4“. Телата на А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син биле извлечени од реката.

Првите податоци од полицијата, а врз основа на исказите на сведоците на трагедијата велат дека најверојатно возачот тоа го сторил на своја волја.

Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа свртел кон Морача.

Полицијата испитува еден сведок, кој наводно го видел возачот како се качува по тротоарот со својот автомобил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.