Пожарот што го зафати словенечкиот регион Крас, што се наоѓа на границата со Италија, досега зафати повеќе од 2.000 хектари и тоа е најголем пожар во Словенија.
Пожарот пред два дена се прошири од Италија, а синоќа беше ставен под контрола, за денеска повторно да се активира.
Словенечката цивилна заштита нареди евакуација на околу 400 жители од трите села Војшчица, Теминца и Новел, иако огнот сè уште е оддалечен од населените места.
Словенечката армија на Твитер објави дека потрошила половина милион литри вода за гаснење на пожарот.
Letalska policijska enota že četrti dan pomaga 🚒 v boju s 🔥 na Krasu. Razmere so vsak dan bolj zahtevne. Novega 🚁 z vzdevkom Julka praktično ne ugašamo. pic.twitter.com/BGz7I70527
— policija_si (@policija_si) July 21, 2022
Oчевидци од Порторож за словенечките медиуми велат дека дел од туристите ги напуштиле вилите порано поради страв од пожар, смрдеата од горењето и зголемените штетни честички во воздухот.
Луѓето треба да ги ограничат своите активности надвор, што вклучува и пливање, предупредува словенечкиот институт за јавно здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.