Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска изјави дека Европската Унија сè уште нема донесено одлука за укинување на казнените мерки против Косово и дека во Советот на ЕУ продолжуваат дискусиите за евентуално отстранување на санкциите.
Според него, извештајот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, за исполнувањето на барањата на Косово од страна на ЕУ, изразени во Декларацијата од 3 јуни 2023 година, беше испратен до земјите членки и првата дискусија беше одржана во јуни.
„Високиот претставник препорачува укинување на мерките за Косово, како што нагласи на прес-конференцијата на 24 јуни 2024 година. Дискусиите во Советот продолжуваат“, изјави Стано за Телеграфи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.