Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска престојува на Косово и по тој повод престојува во посета на Cеверна Митровица, Звечан и Лепосавиќ.

Заедно со премиерката, во посета на Косово престојуваат и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, како и директорот на Канцеларијата за ИТ и еВлада, Михаило Јовановиќ.

Чест ми е што сум овде и сакам да ја испратам пораката за мир на претседателот Вучиќ дека секогаш ќе бидеме со нашиот народ на Косово – изјави Брнабичќ обраќајќи им се на насобраните во зградата на Мултимедијалниот центар во Cеверна Митровица.

Брнабиќ изјави дека е „задоволна што по провокациите на 31 јули успеале да го зачуваат мирот“.

Таа, сепак, додаде дека морала да го наведе „фактот дека се зголемува бројот на инциденти на Косово“.

Горда сум што сум дел од тимот на претседателот Вучиќ. Дијалогот е важен, се надевам дека институциите во Приштина ќе бидат отворени за дијалог. Сакаме долгорочен мир и стабилност, јас сум оптимист и на она на што ќе инсистираме е Заедницата на српски општини (ЗСО) – изјави Брнабиќ и додаде дека тоа што „денес е на северот на Косово не значи дека нема да ги посетува Србите и на други места, а тука се и претставниците на Србите од „српска листа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.