Српската опозиција работи како по книга и ги копира случувањата во Македонија. Најнапред со протестите за масовните убиства во Белрад и Младеновац кои беа искористени (злоупотребени) за притисок врз владата без избори да дојдат на власт, а вчера пресликаа уште едно сценарио кое е производ на СДСМ кога беше во опозиција.

фото Тањуг

Српската опозиција вчера се обиде да го спречи донесувањето на ребалансот на буџетот со кој им се овозможува на пензинонерите да добијат зголемување на пензиите за 5000 динари и на помошта на мајките кои ќе добиваат по 10.000 динари месечно.

Слична опструкција направи и СДСМ. На 24 декември 2012 година тогашната опозиција со лупање тенџериња и со дерење се обидоа да го спречат донесувањето на буџетот.

Пет години подоцна СДСМ надвор од собраниската седница и без записник со кревање на раце избра претседател на Собранието.

Се очекува ова да се повтори и во Србија. А потоа господ да им е напомош на српските граѓани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.