Српската фабрика за авиони Утва потпиша договор со кинеската компанија АЛИТ, со кој се предвидува да се создаде центар за одржување на беспилотни летала на кинескиот производител, како и на српските беспилотни летала „Врабац“ и „Пегаз“.
Токму АЛИТ учествуваше во развојот и производството на авионите CX-92A и CX-95, како и ракетите ФT-8 за нив. Сето тоа е во служба на војската на Србија.
Во соработка со оваа компанија е развиен првиот голем проект на српскиот борбен дрон „Пегаз“. Наскоро во Панчево ќе почне сериското производство на „Пегаз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.