Во четири општини во северно Косово денеска се одржуваат вонредни избори за градоначалници на Cеверна Митровица, Звечен, Лепосавиќ и Зубни Поток.

Граѓаните од српска националност одбиваат да излезат на гласање и ги бојкотираат изборите. Од официјален Белград изјавија дека очекуваат на гласање на излезат околу 1 отсто од гласачите.

Изборите следат откако Србите на Косово одлучија да излезат од институциите, како одговор на тоа што Косово одби да го исполни ветувањето и да формира Заедница на српски општини. Од тие причини оставки си поднесоа и градоначалниците на овие општини, а кои беа од редовите на Српска листа.

Изборите организирани од Косово се одржуваат во контејнери под силно полициско обезбедување и под надзор на војници од францускиот контингент Кфор.

Од десет кандидати, колку што се пријавени за градоначалници, само еден доаѓа од српската заедница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.