Српски државјанин, чиј идентитет се уште не е соопштен, е убиен синоќа околу 19 часот во близина на Гранада во Шпанија. Како што пренесува порталот „ideal.es“, во престрелката  тешко бил ранет државјанин на Босна и Херцеговина, кој жив бил пренесен во болница

Според порталот, истрагата ја презела Цивилната гарда.

Едно лице загина, а друго е рането во престрелката на паркингот кај браната Рулс, во општина Оргива. Цивилната гарда се обидува да ги лоцира напаѓачите, кои успеале да побегнат – наведува порталот, додавајќи дека државјанинот на Босна и Херцеговина треба да оди на операција.

Според нивните тврдења, Србинот починал на лице место, а кога дошле лекарите можеле да констатираат само смрт и повеќе прострелни рани по телото.

Се се случи синоќа неколку минути пред 19 часот. Итната помош потоа доби повик за пукање во кое има тешко повредени лица. Медицинскиот хеликоптер веднаш излезе на местото на настанот, како и Цивилната гарда која засега не ја исклучува можноста мотив за ликвидацијата да е трговија со дрога – открија изворите на шпанскиот портал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.