Од понеделник, петти декември, Европската унија става рампа на руската нафта, што значи дека има забрана која важи за Србија, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, оваа забрана е резултат на стапувањето во сила на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, но за разлика од некои европски земји, Србија не доби исклучок, бидејќи ќе биде забранет увозот на руска нафта преку хрватскиот гасовод Јанаф.
Нова.рс во анализата на оваа тема пишува дека експертите се согласуваат дека нема причина за страв од недостиг, но српските возачи веќе се во паника поради можното поскапување на горивата на пумпите. Цените на пумпите може да се зголемат со фактот што руската нафта учествува со 22 отсто од светскиот извоз, така што производителите на нафта од другите земји ќе ја искористат можноста да ги зголемат цените сега кога им се нуди „пополнување на руската празнина”.
Како што посочи министерката Ѓедовиќ, Србија досега не увезувала големо количество нафта од Русија, туку повеќе од Иран и Казахстан. Исто така, како што изјавија за Нова.рс од надлежното министерство, обезбедено е сигурно снабдување со нафтени деривати на домашниот пазар, „во што НИС игра важна улога”.
„По 5 декември, кога ќе стапи на сила осмиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација, ќе се обезбеди непречено снабдување со сите видови нафта достапни на слободниот пазар, со што ќе се одржи безбедноста на снабдувањето на рафинеријата во Панчево“, изјавија од Министерството за рударство и енергетика за Нова.рс.
Тие додаваат и дека значителната количина нафта што ја увезува Србија не е од територијата на земјите кои се под санкции, со што граѓаните можат да сметаат на безбедно снабдување со сите нафтени деривати.
Енергетскиот експерт Милош Здравковиќ за Нова вели дека тоа што Србија повеќе не може да увезува нафта од Русија не е проблем. Според него, има и други земји од кои се увезувале значително поголеми количества нафта.
– Најмногу увезувавме од Казахстан, Ирак, Норвешка, но откако Јанаф почна со работа, најмалку нафта увезуваме од Русија – вели Здравковиќ.
Професорот д-р Милун Бабиќ, редовен член на Академијата за инженерски науки на Србија, исто така смета дека ембаргото на руската наф не треба да биде проблем за Србија и е сигурен дека надлежните обезбедиле алтернатива.
Според податоците на Стопанската комора на Србија (ПКС) што ги објави Би-Би-Си на српски јазик, Србија во текот на 2021 година речиси половина од увезената нафта купила од Ирак – 47 отсто. Од друга страна, само 16 отсто од нафтата се увезува од Русија.
Затоа, нема причина да се плашиме од недостиг, имајќи предвид дека само руската нафта нема да може да помине низ Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ). Нафтата од другите земји, од кои до сега увезувавме, целосно непречено ќе може да продолжи да стигнува до Србија, оценува Нова.рс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.