Сведокот Срѓан Лалиќ на денешното рочиште детало ја опиша соработката со Веља невоља. Тој рече дека рабтел за кланот на Беливук но и пошироко за Кавачкиот клан.

Кога требало да се одработи една ликвидација Беливук и Будимир заминале за Солун, најверојатно преку Македонија а потоа сите заедно за Атина.

Во Солун го оставија возилото, со мое возило отидовме од Солун за Атина-изјави Лалиќ пред судот.

Адокатот го праша и какви документи користел и дали пасошот бил фалсификат.

Не, оригинални документи на друго име. Не ги поминав границите со нив, не се обидов, еднаш бев легитимиран во Шпанија. Се викаше Маринко Тинтор. Контакт од Скај ми помогна да ги земам документите, се викаше Карлос, име и презиме не знам, платив 10.000 евра за нив.

Лалиќ го објасни тоа и поконкретно.

Лицата обврзно го извршиле печатот, односно антидатирањето на печатот во пасошот. Мислам дека жената се вика Јелена.

На претходното рочиште Лалиќ откри дека во  Македонија постои еден човек, познат по прекарот Роко, и кој во име на Министерството за внатрешни работи продава или посредува за добивање македонски пасош“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.