Србија ќе го одложи стартот на грејната сезона и наместо од денеска, парната ќе се загреат од 31 октомври. Ова е само една од мерките за штедење донесени од страна на Владата со која се очекува да се заштедат 50 милиони евра, а одлуката ја правдаат со прогнозите дека до крајот на месецот се очекува натпросечно топло време.

Дел од српските медиуми, повикувајќи се на извори од Владата, објавија дека до топланите и градските администрации веќе биле доставени дописи за спроведување на оваа мерка. Додаваат и дека планот ќе се спроведува согласно временската прогноза.

Српската премиерка Ана Брнабиќ смета дека во услови на енергетска криза од вакви размери и согласно дневните температури периодов бесмислено е да се вклучува парното.

Во обаа смисла би биле енергетски ефикасни и едноставно е разумно кога температурата е 22 степени, да не го вклучите парното. Мислам дека е бесмислено загревањето да почне пред крајот на октомври, вели таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.