Владата на Србија на вчерашната седница ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати.

Така, максималната малопродажна цена на евро дизелот и евро премиум БМБ 95 ќе изнесува 179 и 171 динар за литар.

Членовите на Владата ја донесоа Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, со оглед на тоа што во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати, што директно влијаеше на цена на сите останати стоки и услуги, се вели во соопштението по седницата.

Оваа одлука на српската влада доаѓа откако Хрватска одлучи да ги замрзне цените на горивата, со што спречи нов удар по џебот на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.