Со цел да си обезбедат место на плажа, лежалка или чадор во текот на целиот ден, туристи од балканот се служат со разни методи и тактики. Така тие брзаат да ги стават своите пешкири на најдобро позиционирани лежалки на плажата, уште пред да се упатат на појадок во хотелите, по што следи целодневно капење и сончање на плажа.

Сепак, дека многумина немаат ниту мерка, ниту граница кога станува збор за толеранцијата, покажуваат фотографиите, неодамна споделени на Фејсбук групата „Live from Greece“, а сликани на Атос.

На сликите е забележана сцена од седум часот наутро, што авторот на фотографиите ја споделил на Фејсбук и шеговито го опишал натпреварувачкиот дух на балканските туристи.

На фотографиите се гледа дел од хотелската плажа на која веќе во тоа време се „зафатени“ лежалките, односно се „обележани“ со пешкири или чанти.

Секој ден мораш сè порано да си обезбедиш лежалка, а на плажа можеш да дојдеш и на пладне – пишува авторот.

Тој додава дека слични ситуации гледал и претходно, но сега забележал дека Балканците тоа го прават „корпоративно“, односно дека една личност зазема и по десетина лежалки.

Неговата објава предизвика огромен број коментари од луѓе кои се соочиле со овој проблем.

Јас тоа првпат го видов во Паралија. Се шокирав. Во шест часот наутро, трчаат да ги стават пешкирите на лежалките. Јас станувам во пет часот, но си носиме свои лежалки. Да бидам искрен додека стигнам до плажата, слободната зона веќе е зафатена – гласи еден од коментарите.

На други на кои оваа пракса не им се допаднала, понудиле решение.

„Срамота“, „Сами сме виновни за тоа затоа што го толерираме тоа. Треба да ги тргнеш пешкирите и да си ги ставиш своите работи“, „Ужас. Треба да се забрани тоа“ – гласат коментарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.