Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград денеска се одржа  архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ , односно литургија на помирувањето, со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан, јави дописникот на МИА од Белград.

Литургијата се одржува, откако вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.

На заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ и на владици од двете цркви во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија.

– Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристичко и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви, истакна во својот говор архиепископот Стефан.

– Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата Сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување евхаристичко и канонско единство помеѓу нашите помесни цркви, истакна во својот говор архиепископот Стефан.

Поглаварот на МПЦ-ОА дополни дека „со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој прекрасен светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдивме единството меѓу нашите две цркви, со тоа и единството со сите други помесни православни цркви“.

Тој додаде дека затоа „му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и не нè лиши од Неговото благоволение.

– Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. Затоа да Му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение. Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал, порача г.г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ-ОА рече дека овој денешен чин е незаменлив лек, со кој се залечува раната на телото на црквата, зошто кога страда еден дел страдаат сите делови, а кога се радува еден дел со него се радуваат сите делови.

Тој истакна дека МПЦ-ОА, трудејќи се да го запази единството на Духот преку врските на мирот ќе продолжи по патот што води и служи за мир и заемно надградување, по патот што ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, вклучително и нашето барање за конечно решавање на автокефалниот статус на нашата Света црква.

Изрази верување дека уште деновиве ќе доживееме радост и оти уште на овој Собор „повеќедецениската тага ќе се претвори во радост, на сите свештени лица, монаси, македонскиот народ и секаде каде што не има по светот“.

На крајот од своето обраќање, поглаварот на МПЦ-ОА уште еднаш ја истакна улогата на Вселенската патријаршија за денешното сослужение:

– Вам, како и на браќата членови на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, ви благодариме за едномислието со одлуката дадена од страна на вселенскиот патријарх, Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј, со кој се прифатија јерархијата и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во евхаристичко и канонско единство, а кое, еве со вас, на дело се потврди со денешнава света литургија, истакна г.г. Стефан.

Српскиот патријарх Порфириј во својата беседа го истакна единството во православието и радоста од „исцелување на расколот со МПЦ која траеше 55 години.“

– Радувајте се, денеска црквата е исполнета! Денес е ден кој го створи Бог, сите едно да бидат, тоа од нас господ го сака. Една е црквата, зашто Господ е еден. Со една вера ние градиме единство. Чувајќи еден единствен поредок ја чуваме својата вера. Нема единство без вера во бога, но и без учествување во ист поредок, кое што ние го нарекуваме канони. Единството извира од светата литургија, се манифестира и се потврдува во неа. Единството е светост, рече српскиот патријарх.

Според него, не треба да не чуди што демонските сили на овој свет кои се против Христа ќе прифатат се освен единството, бидејќи ним им треба поларизација и расцеп и сакаат да ја разбијат духовна целина, а понатаму и единството во семејството.

– Нашата цел е да го исполниме зборот на Христа, да бидеме едно. Може понекогаш да промашиме, да не го чуеме зборот Христов, да паднеме, да погрешиме, но знаеме дека да паднеме е човечки, но ако останеме во падот и во промашувањето, тогаш потврдуваме дека сме останале во нешто што не е човек. Човечки е да се падне, но уште поголема е славата ако станеме. Имавме раскол кој траеше 55 години со нашите браќа од Македонија и таа рана беше длабока и болеше. Со таа рана размислувавме, легнуваме и станувавме во исчекување и копнеж да зацели. Затоа велам дека тоа е чудо, чудо божје. Тоа е дар божји. Разбравме дека раната е нанесена со нашите постапки и затоа се обративме на господ и на Свети Сава да го направат тоа што нам не ни поаѓа од рака. И во тој момент кога помисливме така, се случи чудо неочекувано. Нашата радост е неизмерна, изобилна, додаде Порфириј..

Тој истакна дека срцето на верниот и честит народ силно чука за сите нас и заедно со нас, во ритамот на Христа.

– И еве денеска сме заедно во овој свет храм и иако знаеме дека црквата е пирамидално устроена се сложивме нашето делување да биде обратна пирамида, а нашиот народ да биде на врвот а ние на дното да му служиме во сѐ. Да бидеме мали и во нас да расте црквата и Христос, порача српскиот патријарх.

На архиерејската литургија покрај српските и македонските владици, присуствуваше и архиепископот Јован (Вранишкоски) од ПОА, кој изјави дека не знае кога бил порадосен, дали кога го примил Томосот од СПЦ или денеска, додавајќи дека сепак кога би морал да избира би го избрал денешниот ден



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.