Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на 11 мај ќе одржи седница посветена на ситуацијата во Босна и Херцеговина, објавено е на веб-страницата на светската организација.

Сараевскиот портал „Кликс“ наведува дека дебатата и анализата на ситуацијата во БиХ се должи на политичката криза и тензиите во земјата кои траат речиси една година, но и војната во Украина и, како што се наведува, „проруското влијание на Балканот“.

Порталот потсетува дека во ноември минатата година, Русија и Кина успеаја да го спречат обраќањето на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит пред Советот за безбедност, но наведува дека сега постои опција Шмит да се обрати пред Советот за безбедност и да го изнесе својот став за ситуацијата во БиХ за време на неговиот мандат.

Властите на Република Српска го оспоруваат легитимитетот на Шмит, тврдејќи дека тој не е избран во согласност со процедурата.

Со Советот за безбедност овој месец претседаваат САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.